S5 Ameritage Medical - шаблон joomla Продвижение
Историјат

Историјат

 

Како самостојна болница функционира до крајот на 1962 година. Од 01.01.1963 година Општа болница и Дом за народно здравје се спојуваат во ЈЗО Медицински центар "Куманово" кој функционира до 31.08.2005 година. Со Решение на Министерството за здравство од 10.12.2004 година за пререгистрирање на дел од ЈЗО Медицински центар во ЈЗУ Општа болница од 01.09.2005 година ЈЗУ Општа болница "Куманово" функционира како посебно правно лице.

ЈЗУ Општа болница "Куманово" лоцирана е во центарот на градот Куманово на ул. "11 Октомври" бб. Болницата располага со простор од 56.757 м2 земјиште и голем број на објекти со корисна површина од околу 20.482 м2.
Општина Куманово по својата географска положба се наоѓа во Североисточниот регион на РМ со најголем број на жители (105.484). Како регионална Болница пружа здравствена заштита и на жителите од општините Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце  и Кратово. Вкупниот број на жители кои оваа Болница треба да ги опслужи според официјални податоци за сите споменати општини е 173.000 жители. Болницата има капацитет од 306 болнички кревети.

Јавната здравствена установа општа болница "Куманово" - Куманово е јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Колективен договор, Статут и други општ акти.
Општата болница во целокупниот промет со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага.
Основач на Општата болница Куманово е Владата на Република Македонија.
Општата болница ја застапува и претставува директор.
Со овластување на директорот Општата болница ја застапува и претставува работникот што ќе го овласти директорот.

Вкупниот  број на жители кои оваа Болница треба да ги опслужи според официјални податоци за сите споменати општини е 173.000 жители. Болницата има капацитет од 306 болнички кревети.
Јавната здравствена установа Општа болница " Куманово " - Куманово е Јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Колективен договор, Статут и други општи акти.
Општата болница во целокупниот промет со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага.
Основач на Општата болница е Владата на Република Македонија.
Општа болница ја застапува и претставува директор.
Со овластување на директорот Општа болница ја застапува и претставува работникот што ќе го овласти директорот.

Организациона и кадровска поставеност

    Во својот состав Болницата располага со следниве одделенија за хоспитализирање и лечење на пациенти :
•    Внатрешни болести,
•    Детски болести,
•    Хирушки болести со урологија и ортопедија,
•    Анестезија со реанимација и интензивна нега,
•    Гинекологија и акушерство,
•    Заразни болести,
•    Нервни и душевни болести,
•    Очни болести,
•    Уво, нос и грло.
   

    Во склоп на Болницата се и одделите и амбулантите од Специјалистичко - консултативна дејност за испитување, дијагностицирање на болестите како и оддели за рехабилитација на болните и тоа :
•    Рентген дијагностика,
•    Лабораториска дијагностика,
•    Физикална медицина и рехабилитација,
•    Кожно венерични болести,
•    Патолошка анатомија со судска медицина,
•    Центар за дијабет,
•    Пнеумофтизиолошки диспанзер,
•    Ургентен центар,
•    Галенска лабораторија,
•    Депо на лекови.

    Од одделите за логистичка подршка на Болницата постојат :
•    Служба за правни, општи и кадрови работи,
•    Економско финансиска служба,
•    Сервисно - техничка служба со котлара , перална и кујна за припрема на храна за болни,
•    Возен парк.


    Ваквата организациона  поставеност овозможува 24 часовно давање на медицинска здравствена заштита на населението во однос на болничкото лечење како и специјалистичко консултативна здравствена заштита.Ова бара секако и комплетен медицински кадар за покривање на сите потреби на населението.

Ул. 11 Октомври, 1300 Куманово, Р.М.
031-425-460