S5 Ameritage Medical - шаблон joomla Продвижение
Организациска структура

Организациска и кадровска поставеност

 

         Во својот состав Болницата располага со следниве одделенија за хоспитализирање и лечење на пациенти :

•        Внатрешни болести,
•        Детски болести,
•        Хирушки болести со урологија и ортопедија,
•        Анестезија со реанимација и интензивна нега,
•        Гинекологија и акушерство,
•        Заразни болести,
•        Нервни и душевни болести,
•        Очни болести,
•        Уво, нос и грло.

         Во склоп на Болницата се и одделите и амбулантите од Специјалистичко - консултативна дејност за испитување, дијагностицирање на болестите како и оддели за рехабилитација на болните и тоа :

•        Рентген дијагностика,
•        Лабораториска дијагностика,
•        Физикална медицина и рехабилитација,
•        Кожно венерични болести,
•        Патолошка анатомија со судска медицина,
•        Центар за дијабет,
•        Пнеумофтизиолошки диспанзер,
•        Ургентен центар,
•        Галенска лабораторија,
•        Депо на лекови.

         Од одделите за логистичка подршка на Болницата постојат :

•        Служба за правни, општи и кадрови работи,
•        Економско финансиска служба,
•        Сервисно - техничка служба со котлара , перална и кујна за припрема на храна за болни,
•        Возен парк.

         Ваквата организациона  поставеност овозможува 24 часовно давање на медицинска здравствена заштита на населението во однос на болничкото лечење како и специјалистичко консултативна здравствена заштита.Ова бара секако и комплетен медицински кадар за покривање на сите потреби на населението.

 

Ул. 11 Октомври, 1300 Куманово, Р.М.
031-425-460