S5 Ameritage Medical - шаблон joomla Продвижение
ОЕ гинекологија и акушерско

ОЕ гинекологија и акушерско

 

Раководител -Спец.по акушерство и  гинекологија- Др. Нисо Тасов
Шеф - Спец. Акушерство и  гинекологија Др Лидија Јовчевска
-Спец. Акушерство и гинекологија -Др Иван Аврамовски
-Спец. Акушерство  и  гинекологија -Др Александра Андоновска
- Спец. Акушерство и гинекологија - Др Наиље Османи 

-Др.Валентина Давидовска(др.на специјализација)
-Др.Софија Трајковиќ (др.на специјализација)
-Др.Агуши Јузџан (др.на специјализација)
-Др.Мерита Џемаили(др.на специјализација)

Одделенска сестра-вмс.Јаворка Тодоровска
Отсек за акушерско и гинекологија:
Во составот на оваа работна единица спаѓаат: “Болница - Пријател на бебињата”, акушерско гинеколошко одделение, сала со породилни бокса (ЦТГ), интензивен неонатален дел со софистицирана опрема и просторија за едукација на родилките и подготовка на трудниците.
Во склопот на одделението за гинекологија работи одделот за патолошка бременост, ехо кабинетот и амбулантата за гинеколошки интервенции. На ова одделение се лекуваат заболувања со конзервативни и оперативни методи.

Услуги на одделение. Оперативно во ова одделение се реализира завршување на раѓање (царски рез), се води породување, се врши згрижување на повреди при нормални и инструментално завршени раѓања. Се спроведуваат сите оперативни зафати на аднексите, утерус, вагина, цервикс. На одделот за гинекологија со акушерство се вработени  лекари специјалисти гинеколози,  специјализантi, како и солиден тим.
Амбулантни услуги: Во рамките на одделението се спроведуваат амбулантски услуги, се вршат амбулантски гинеколошки интервенции, ЕХО дијагностика, ЦТГ дијагностика, амниоскопија, брисеви, ПАП тестови, артефициелни абортуси, киретажи и МСГ инстилации.

ОЕ НЕОНАТОЛОГИЈА

Шеф-Спец.по педијатрија- Др.Александра Ѓорѓевиќ
-Спец.по педијатрија-Др.Виолета Игњатова
-Др.Флорије Рулани-(др.на специјализација)

Услуги на одделение: Одделот за неонатологија врши постојан интензивен надзор над штотуку родените деца, кои во поголем број се сместени покрај мајките во одделот за акушерство, следејќи ги најсовремените препораки и стандарди на Светската здравствена организација. Искусниот тим на лекари специјалисти  и едуцирани сестри  во редовна визита се во блиска соработка со одделот за детски болести кои овозможуваат оптимална здравствена заштита над новороденчето.
Рутински процедури: ЕХО дијагностика, скрининг на хипотиреоза и фенилкетонурија, фототерапија, вакцинација за БСГ и Б-хепатит.


 

Ул. 11 Октомври, 1300 Куманово, Р.М.
031-425-460