S5 Ameritage Medical - шаблон joomla Продвижение
ОЕ внатрешни болести

ОЕ внатрешни болести

 

Раководител– Спец.интернист - Др.Емилија Додиќ
Шеф - Спец.интернист – Др.Томица Анчевски
Шеф - Спец.интернист – Др.Ладислава Крстиќ
    - Спец.интернист – Др.Миле Паскалов
   - Спец.интернист – Др.Дејана Суботиќ
   - Спец.интернист – Др.Емилија Тодоровска
   - Спец.интернист – Др.Иљбер Исуфи
   - Спец.интернист – Др.Никола Јанев
Др. Шукри Фазлији(на специјализација)
Др.Љавдрим Ибраими(на специјализација)
Др.Бејзат Саити(на специјализација)

Одделенска сестра - мс.Рејхане Салахи

Отсек за интерна медицина: Се извршува интернистички преглед читање на ЕКГ, се прави КСТ, ЕХО на горен и долен абдомен се даваат дијагностичко-тераписки услуги.Давање на медикаментозна терапија,изведување на систематски прегледи,прегледи за професионални возачи , давање на судско- мед.белешки совети и др.


- Кабинет за со (КСТ) ;
- Кабинет за пулмо алергологија и астма
- Кабинет за Кардиолошки ултразвук
- Кабинет за Електрокардиографија
- Кабинет за Е Х О абдомен

Услуги на одделение:  Хоспитализација на акутни и хронични кардиолошки пациенти, со комплетно иследување, дијагностицирање и лекување. :  Хоспитализација на акутни и хронични пулмолошки пациенти, :  Хоспитализација на акутни и хронични нефролошки пациенти  и останата интернистича патологија.Апликација на соодветна терапија ,дијагностички иследувања ,RTG ,лабараториски испитувања.  Дијагностицирање и лекување на алергопулмолошки пациенти.  Болничко згрижување како и интензивен третман на сите акутни хронични интернистички заболувања со соодветни дијагностички иследувања.

Амбулантни услуги:Специјалистички прегледи од областа итернистичка патологија, ЕХО кардиографија (трансторакална и трансезофагиална), доплер на крвни садови,   коронарен стрес тест. Ехо на абдомен,  спирометрија, алерголошко тестирање, имунолошка терапија

ОДДЕЛ- Ендокринологија

ШЕФ- Спец.по општа медицина- Др.Исмаил Бајрами

Отсек за ендокринолошки диспанзер- дијагностицирање и лекување на ендокринолошка патологија, како и едукација на пациенти и советување на семејство за менување на животниот стил и самоконтрола на заболувањето.

Услуги на одделение: дијагностицирање и лекување на ендокринолошка патологија, како и едукација на пациенти и советување на семејство за менување на животниот стил и самоконтрола на заболувањето.

Амбулантни услуги: комплетна дијагностика и лекување на шеќерната болест (инсулин зависна и инсулин независна) вклучително прв преглед на болните со дијабетес со одредување на современа терапија и препораки за промена на животниот стил, како и контролни прегледи и рано откривање, превенција и лекување на компликациите од дијабетот.. Исто се даваат услуги со терапија кај компликациите од дијабетот, особено полинеуропатиите како една од потешките компликации.

ОДДЕЛ – ПНЕУМОФТИЗИОЛОШКА ЗАШТИТА-АТД

Шеф - Прим.Спец. По пнеумофтизиологија -Др.Светлана Петровска-Талевска
-РТГ кабинет
- лабораторија  за основни крвни анализи
- лабораторија за микроскопско испитување на искашлок
- Манту тест
Сите потребни иследувања се реализираат во текот на денот.


Услуги на одделение: Тимот за диспанзерска заштита од белодробни болести и туберкулоза, овозможува специјалистичко-консултативни, превентивни, дијагностички, и тераписки здравствени услуги од областа на здравствената заштита на пациентите заболени од белодробни болести и туберкулоза.
Амбулантни услуги: Специјалистичко-консултативни прегледи , дијагностицирање,и терписки третман на пациенти и редовни контролни прегледи према дијагноза  на болест.


ОЕ  ПАТОЛОШКА АНАТОМИЈА

Др.Анета Ѓорѓиевска (на специјализација)
Др.Даниела Бајдевска (на специјализација)


Услуги на одделение: дијагностика на биоптичен и оперативен материјал од хируршките и интерните одделенија при ГОБ како и цитолошка анализа на течности, ексудати, трансудати и др. исто така одделението е оспособено и за цитолошка анализа на гинеколошки размаски по Папаниколау..
Амбулантни услуги: Дијагностика

Ул. 11 Октомври, 1300 Куманово, Р.М.
031-425-460