Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Денес во посета на ЈЗУ Општа болница Куманово беа претставници од Rotary club Куманово. Ја поздравувавме нивната иницијатива за организација на хуманитарен настан со поддршка на Inner Wheel club Куманово и Rotaract club Куманово, од кој средствата ќе бидат наменети за потреби на детскиот оддел во нашата болница. Споделивме идеи и за понатамошна соработка и искрено веруваме во реализација на истите.
Хуманитарниот настан ќе се одржи во петок на 23.02.2023 год во ресторан Палас Гарден со почеток во 20ч.
Децата се 1/4 од нашата популација и тие се целата наша иднина! Да дадеме шанса за поздрава искрена насмевка!

2024-02-13 12:00:00