
Сакаме да изразиме искрена благодарност кон ИВЗ и на сите кои допринесоа за донацијата која вчера беше донесена во операционите сали во болницата. Донациите како оваа се од голема помош за нас. Посебни благодарности кон Реисул Улеман и ИВЗ Шакир ef. Фетаи, исто така и кон муфтијата на Куманово Х. Абедин ef. Имери, претставникот за арапскиот свет г-дин Исмет Адеми и секако нашите лекари спец. д-р Минур Бајрами и спец.д-р Илбер Исуфи, како директни посредници за донацијата. Исто така, посебна благодарност за г-дин Илми Јунизи (Ел Медика ДОО) кој се грижеше за превозот и монтажата, како и за сите оние кои се приклучуваат во вакви акции, несебично се вложуваат и никогаш не штедат кога се работи за доброто на сите нас и како граѓани, но и како пациенти.







