
Компанијата „Бучен Козјак“ донираше постелнина, инхалатори, топломери и млечни производи за Детското одделение при Општата болница Куманово. Донацијата е обезбедена по барање на установата и е наменета за подобрување на условите за најмладите пациенти.
Во моментов на одделението се лекуваат 20 деца, главно со респираторни инфекции. „Бучен Козјак“ е македонски бренд со повеќе од 40 години традиција, поддржан од Здружението на педијатри на Македонија.
2025-05-30 12:00:00




