Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Денеска беше потпишан договор за официјална соработка помеѓу ЈЗУ Општа болница Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони“ за учебната 2026/27  година, во рамките на дуалните паралелки.

Оваа соработка, под раководство на Директорите  Драган Јаневски и М-р Сашо Стошевски, има за цел да овозможи практична настава на учениците во реална болничка средина, каде ќе стекнуваат современи знаења и практични вештини, под менторство на стручни медицински кадри.

Веруваме дека оваа иницијатива претставува значаен чекор кон развивање на компетентен и квалитетен кадар, кој ќе придонесе за унапредување на здравствениот систем и образовната заедница во Куманово и пошироко.

 

2025-08-22 12:00:00