Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Во Куманово над 4.000 граѓани се на инсулинска терапија, од кои 143 се деца со тип 1 дијабетес. Ова не е само бројка  ова е аларм дека состојбата со дијабетес брзo се влошува.

Што треба да знаеме и да сториме:
• Дали ја проверивте својата концентрација на шеќер во крвта и дали имате ризик-фактори (семејна историја, дебелина, седење, нездрава исхрана)?
• Обезбедете редовен преглед и консултација со матичен лекар или ендокринолог.
• Се потсетете себеси и вашите блиски: здрава исхрана + физичка активност = превенција.
• Особено важно за родителите: имате дете со дијабетес? Поддршката, едукацијата и редовната контрола се клуч.

Не чекајте до утре колку порано реагираме толку подобро. Поделете ја оваа објава, можеби некако ќе помогнеме на некоја фамилија или пријател да направи промена.

„Рано откривање значи подобар живот.“

Извор: TV Plus Куманово

 

 

2025-11-18 12:00:00