Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

На запуштениот простор зад одделенијата за инфективни болести и психијатрија е изграден нов паркинг-простор во кругот на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Обезбедени се 86 паркинг-места , со цел отстранување на возилата од пред амбулантите и овозможување нормален проток на сообраќајот низ болничкиот комплекс. Ова е четвртиот паркинг во кругот на болницата и значително ќе ги задоволи потребите за паркирање на пациентите и персоналот.

Целокупната инвестиција е реализирана преку донации од следниве компании:
„Фишер Тихи“ – ископ, отстранување шут и отпад, тампонирање и подготовка за асфалтирање;
„Кооп инженеринг“ – асфалтирање на 1.700 m² паркинг-простор;
„Евто ексклузив“ – ивичњаци и бетон;
„Шпејтим Б-катон“ – работна рака за поставување ивичњаци;
„Манас бои и лакови“ – материјал за обележување на паркингот,
како и јавните претпријатија „Куманово план“, „Куманово гас“, „Куманово – паркинг“, „Чистота и зеленило“ и „Водовод“.

Проектот е пример дека со заедничка организација и општествена одговорност може да се реализираат конкретни решенија во корист на пациентите и персоналот на болницата.

 

 

2025-12-19 12:00:00