
Првото бебе во Куманово за 2026 година е машко, родено на 2-ри јануари околу 05:40 часот на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Станува збор за втора рожба на мајката Егзона Реџепи, која има 31 година и сега на свет донесе здраво машко дете.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество.
Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
2026-01-02 12:00:00







