Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Во рамки на Центарот за третман и следење на дијабетесот во Општа болница Куманово, започнува со работа Центар за менаџирање на обезноста. Тука можете да добиете стручна помош,дијагностика и лекување на дебелината.Прегледот опфаќа мерење на составот на телото на InBody анализатор , лабораториски анализи, совет за исхрана и препорака за терапија од лекар интернист-дијабетолог и ендокринолог и по индикација преглед кај кардиолог, пулмолог, психолог, гастроентерохепатолог, ортопед.

Дебелината е хронично заболување , се карактеризира со прекумерно акумулирање на масно ткиво во телото, до степен кој негативно се одразува врз здравјето.Влијае на физичкото, менталното здравје и го нарушува квалитетот на живот.Постојат гени за дебелина кои во 80% од случаите го детерминираат нашиот БМИ.Покрај гените и факторите на околината имаат големо влијание.Дебелината е хронична болест, луѓето кои живеат со дебелина имаат право на еднаква грижа, третман и поддршка како и сите луѓе кои се соочуваат со други хронични заболувања.

Доколку не се лекува дебелината е причина за дијабет тип 2, малигни заболувања, висок крвен притисок и срцеви заболувања, опструктивна слип апнеа, оптоварување на зглобовите, главно колената и колковите.

Јавете се кај вашиот матичен лекар, побарајте термин во Центарот за дебелина.

Не сте сами, дозволете ни да ви помогнеме во борбата со дебелината.

2026-03-04 12:00:00