
Денеска беше потпишан договор за официјална соработка помеѓу ЈЗУ Општа болница Куманово и ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ за учебната 2026/27 година.
Оваа соработка, под раководство на Директорите Сузана Максимовска и М-р Сашо Стошевски, има за цел да овозможи практична настава на учениците во реална болничка средина, каде ќе стекнуваат современи знаења и практични вештини, под менторство на стручни медицински кадри.
2026-05-18 12:00:00





