Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Денес, во рамките на практичната настава, учениците од ДСУ-РЦСОО "Киро Бурназ" насоката Фармацевтски техничар имаа можност да ја посетат Болничката аптека и Галенската лабораторија во нашата установа. 

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со организацијата и функционирањето на Болничката аптека, начинот на управување со лековите и медицинските средства, од приемот и складирањето на лековите и медицински средства до нивната подготовка и дистрибуција. 

Во Галенската лабораторија, учениците добија увид во постапките за изработка на галенски препарати и инфузиони раствори кои се употребуваат во болницата.

2026-06-08 12:00:00