Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

 

Денес, во Општина Куманово, директорот на ЈЗУ Општа болница Куманово, Сашо Стошевски, потпиша Меморандум за соработка со градоначалникот Максим Димитриевски и началникот на СВР Куманово, Никица Петрушевски.

Меморандумот е склучен врз основа на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, донесена од Советот на Општина Куманово.

Целта на соработката е спроведување превентивна кампања наменета за учениците од средните училишта во Куманово, со фокус на намалување на социјалните и здравствените ризици поврзани со употребата на дроги и други психотропни супстанции.

Здравјето на младите е наша заедничка одговорност!

 

2026-10-07 12:00:00