
ЈЗУ Општа болница Куманово доби значајна донација во медицинска опрема од Асоцијацијата Алзас-Македонија (АЛМА) од Стразбур, со цел унапредување на здравствените услуги за граѓаните.
Примопредавањето се изврши во присуство на претседателот на АЛМА и почесен конзул на Франција, Жак Шлеф, и директорот на болницата, М-р Сашо Стошевски. Директорот исто така најави и дополнителна опрема во наредните три месеци, обезбедена од Владата.
Искрена благодарност за поддршката! 💙
2026-10-22 12:00:00




