Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

 

ЈЗУ Општа болница Куманово се здоби со нов ехо-апарат за потребите на офталмологијата, со што се унапредуваат можностите за современа дијагностика и поквалитетна здравствена услуга за нашите пациенти.

 

Каква дијагностика овозможува?

-Одлепување на ретината – откривање и процена на ретинално одлепување.
-Промени во стаклестото тело – крвавење, заматувања и задно одлепување на стаклестото тело.
-Тумори и маси во окото – откривање и мерење на одредени интраокуларни формации.
-Страни тела во окото – откривање на одредени интраокуларни туѓи тела.
-Промени на хориоидеата – задебелувања, одлепување и други патолошки промени.
-Мерење на должината на очното јаболко – биометрија, најчесто за пресметка на диоптријата на интраокуларната леќа пред операција на катаракта.
-Процена на очната орбита – одредени промени во ткивата околу окото, зависно од типот на апаратот и сондата.

 

Оваа набавка е значаен чекор кон модернизација на медицинската опрема и подобрување на условите за работа на нашиот стручен медицински персонал, кој со својата посветеност, знаење и професионалност секојдневно се грижи за здравјето на пациентите.

 

Зад секоја нова инвестиција стојат луѓето кои ја претвораат во подобра здравствена грижа. Новата опрема, заедно со стручноста и посветеноста на нашиот офталмолошки тим, претставува уште една можност за унапредување на услугите и грижата за здравјето на нашите сограѓани.

 

-Раководител - спец. д-р Бојана Георгиевска - Димовска

-спец. д-р Анита Стошевска

-спец. д-р Шерибане Емини

-д-р Дорунтина Селми Адеми (на специјализација)

-д-р Марина Насковска Русевска (на специјализација)

-Одделенска сестра - Александра Александровска

 

Ехо апаратот е во вредност од 1.947.000,00 денари и е дел од вкупната набавка на медицинска опрема во вредност од 108.000.000,00 денари овозможена од Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата на република Македонија.

 

ЈЗУ Општа болница Куманово – чекор по чекор кон подобра, посовремена и поквалитетна здравствена заштита

 

 

2026-11-02 12:00:00