
Болнички кревети, масички и греалки доби Општа болница Куманово донација од здружението на витезите Темплари од Скопје со цел унапредување на здравствените услуги за граѓаните. Донацијата е дел од заедничката хуманитарна иницијатива на Големите Приорати на Витезите Темплари OSMTH Македонија и Австрија, во чии рамки се обезбедени вкупно 45 болнички кревети и придружна опрема, со цел да се подобрат условите за престој и лекување на пациентите во болницата.
ЈЗУ Општа болница Куманово – чекор по чекор кон подобра, посовремена и поквалитетна здравствена заштита!
2026-11-04 12:00:00



