Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

По повод 16 годишно постоење на Универзитетот “Гоце Делчев”Штип, ЈЗУ Општа болница Куманово беше дел од институциите кои добија благодарница за особен придонес и континуирана соработка со Универзитетот и студентите. Како резултат на нашата деловна соработка, студентите од УГД Штип имаат практична настава-вежби на повеќе оддели во нашата болница во рамки на програмата на Медицинскиот факултет.

- “ Не се сомневам дека нашата соработка ќе продолжи на наше заедничко задоволство. Благодарност до моите колеги кои беа дел од тимот кој практично ги едуцираше студентите. Задоволство беше да им овозможиме да видат практична примена на студентските знаења и вештини. Соработката помеѓу разните креатори на вредности е основа за развој на едно општество. “ - изјави директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово , Спец. др. Снежана Захариева

2023-03-29 12:00:00