
Бубрезите се меѓу најважните органи во телото, тие имаат многу сложена структура и функција. Постојат две клучни функции на бубрезите, а тоа се исфрлање на токсините и сите штетни материи од телото, а во исто време одржување на оптималното ниво на течности, минерали и електролити во телото.
Денес,Центарот за дијализа Дијаверум во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово и ДСТУ Наце Буѓони Куманово, го одбележаа Меѓународниот ден на бубрегот, кој во светски рамки се одбележува на 13ти март. На средбата присутните имаа можност да проследат едукативни предавања на кои беше истакнато значењето на бубрезите и одржување на нивното здравје.
2023-03-09 12:00:00







