
Ги информираме граѓаните на Куманово дека ЈЗУ - Општа болница Куманово одделот офталмологија по скоро година и половина откако не беше во функциа поради дефект рефрактометарот со кој се вршеа основни дијагностички методи за одредување на рефрактивен статус сега болницата располага со нов модерн мултифункционален апарт од марката TOMEY.
Апартот е мултифункционлен чии перформанси ги овозможуваат следните диагностички испитувања:
- одредување на објективни и субјективни рефактивни вредности мерење на корнеална закривеност, корнеална дебелина, кертомотриски вредности кои се основни диагностички параметри за хирургиа на катаркта.Со новиот апарат овозможено е марење на очен притисок со Air-puff мeтода (мерење со воздух) коа е базирана на Голдманова апланациона тонометртиа оваа метода овозможува поголем конфор на пациентот и можност да се избегнат ерозии на корнеа и постопертивно после операција на катракта кога дирекртната контактна метода на мерење притисок не се применува.
Истиот апарат ни овозможува и корнелана топографиа со изработување на топогравски мапи кои ни се корисни кај пациенти со регуларен и ирегуларен астигматизам и исклучуване на дијагноза kertoconus коа бара покомлексен дијагностички пристап и третман kako Crosslinking.
И на кра апартот ни помага за дијагностика на суво око како се почеста дијагноза кај повозрасна популација и Comjuter vision кај особи кои подолго време се пред компјутер и апарати кои емитираат плава светлина.






