
Светскиот ден на дијабетесот- 14 Ноември, се одбележува секоја година , почиувајќи од 2007 година, иницирано од ООН, со цел да се подигне свеста за дијабетесот и неговите компликации, преку превенција и соодветен третман давајќи акцент на едукацијата.
1 од 10 возрасни во светот има дијабетес. Повеќе од 90% имаат дијабетес тип 2. Околу половина од нив незнаат дека имаат дијабетес. Во најголем дел од случаите, тип 2 дијабетесот и неговите компликации можат да се одложат или превенираат со прифаќање и одржување на здрави животни навики.
Доколку го знаете вашиот ризик и знаете што може да промените е важно за успешна превенција рана дијагноза и навремен третман. Традиционалните парадигми дека дијабетес тип 2 се jавува само кај возрасни, а дијабет тип 1 само кај деца веќе не се точни, бидејќи и двете болести се јавуваат во двете групи.
Дијабетесот тип 1 е поретка форма на дијабетес, со сеуште непозната генеза. Повеќе од 90% од пациентите имаат дијабетес тип 2, тоа е најчесто возрасната популација. Она што загрижува е појавата на дијабет тип 2 кај млади, кај деца, што се поврзува со физичка неактивност и прекумерна телесна тежина.
Инспирирани од овогодинешното мото на Светскиот ден на дијабетесот "Дознав го твојот ризик, дознај го твојот одговор" Општа болница Куманово организираше акција на проверка на шеќерот во крвта ка ученици од Средното медицинско училиште во Куманово, со цел да ја зголемиме свесноста за дијабетесот, раната дијагноза и превенција и одложувањето на компликациите на болеста.
Здрав животен стил, избегнување на алкохол и цигари, редовна физичка активност и одржување на нормална телесна тежина можат да ја превенираат појавата на дијабетесот.






