Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Согласно современите трендови во третманот на дијабетесот , од страна на Министерството за здравство, со средства од државниот буџет се обезбедени сензори за континуирано мерење на шеќер во крвта, наменети за деца со дијабетес и слепи лица кои примаат инсулинска терапија.
Сензорите кај пациентите се поставени на Клиниката За Детски болести или Клиниката за Ендокринологија , и истите ќе се подигнуваат во инсулинските аптеки од јануари 2024.
Сензорите овозможуваат безболно мерење на шеќерот во крвта, наместо вообичаените боцкања кои создаваат трауми кај децата. Сензорите се едноставни за употреба и се достапни во Центарот за дијабетес во Општа болница Куманово.

 

2024-01-03 12:00:00