
Денес ЈЗУ Општа болница Куманово, потпиша Меморандум за соработка со Фондација Дарио Петровски. Со помош на Фондацијата ќе се адаптира работен простор - Ехо кабинет за деца. Како дел од натамошна соработка предвидени се и набавки за потреби на неонатолошки и акушерски оддел. Исто така предвидени се обуки за ученици од сите основни и средни училишта на теми - Булинг, Превенција од дроги и други психотропни супстанци, Ментално здравје, за чија реализација ќе бидат вклучени психолози и психијатри од болницата
2024-01-22 12:00:00





