
1-ви октомври се одбележува како Интернационален ден на старите лица. Водејќи се по фактите дека голем дел од корисниците на нашите услуги во болницата се токму старите лица, денес нашата установа потпиша Меморандум за соработка со Здружение на пензионери Куманово. Старот на оваа соработка која веруваме ќе опстои и во наредниот период, ја започнуваме со бесплатни психолошки тестирања за деменција, која болест е типична за старите лица, а според податоците истата е во подем.
2023-10-03 12:00:00




