Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

По повод Детска недела која се одбележува секаде низ светот, денеска и ние како Општа болница дадовме придонес, со цел да го истакнеме значењето на здрави генерации. На интерактивна работилница за здрава исхрана и правилен раст и развој, во објектот Буба Мара, свој придонес даде д-р спец. Ферихан Бајрами, раководител на Детскиот оддел при ЈЗУ Општа болница Куманово. Дечињата од оваа градинка упатија срдечни поздрави до сите дечиња кои се лекуваат на детското одделение.

Оваа е наша прва соработка со градинката Ангел Шајче Куманово. Со оглед на тоа дека децата се наша иднина искрено се надеваме на идни соработки.

2023-10-05 12:00:00