
Месец октомври е месец посветен на борба против канцер на дојка.
Како Јавна Здравствена Установа покажуваме одговороност кога е во прашање не само лекување туку и превенција. За таа цел во тек на месец октомври почнувајќи од понеделник 16.10.2023 година ги повикуваме сите заинтересирани самохрани мајки на бесплатен ехо преглед на дојка. Закажување на тел 031 425524, секој работен ден од 10ч до 15ч
Во исто време ја информираме јавноста дека кабинетот за дојка е функционален ви нашата болница. Ехо прегледи и мамографија се закажуваат преку матични лекари преку системот Мој термин
2023-10-13 12:00:00




