Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Денеска во просторите на ЈЗУ општа болница Куманово менаџерскиот тим и дел од раководителите претставници на стручниот колегиум на наша иницијатива одржаа состанок со претставници од ПЗУ од општината.

 

На состанокот присуствуваа претседателот на Здружение на приватни лекари за нашата општина д-р Фатмир Асани, д-р Десанка Стојмановиќ - специјалист педијатар, и д-р Нурије Алији - специјалист гинеколог-акушер.

 

Целта на состанокот беше подобрување на меѓусебната соработка при упатување на пациенти во болницата, овозможување на поголем број термини, скратување на административни процедури и надминување на останати проблеми кои се јавуваат во секојдневната работа со цел испорачување на  што поголем број на квалитетни здравствени услуги на ѓраѓаните.

 

Нашата мисија е: Пациентите во центарот на вниманието!

2023-10-13 12:00:00