
По повод Светски ден за заштита на менталното здравје во Општа болница Куманово психолог Анита Стоилковска одржа интерактивна работилница со дел од ученици од трета и четврта година од ОСТУ Наце Буѓони здравствена струка на тема "Анксиозност и панични напади". Причина за оваа работилница е зачестена појава на анксиозност и панични напади кај младата популација и со цел правилно препознавање, соочување и справување со истата.
2023-10-26 12:00:00







