Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Почнувајќи од 1950година, 7 Април се слави како интернационален ден на здравјето. Некои од клучните здравствени права на човекот вклучуваат - право на здравје, право на медицинска нега, право на приватност и доверливост, право на недискриминација и др. Согласно правата следуваат и обврските секој од нас да направи се што е во сопствена можност да го сочува или подобри своето здравје.

Нашата установа пригодно го одбележи 7ми Април. Беа доделени пофалници на вкупно 10% од вкупниот број на вработени поточно 53 здравствени работници и соработници, 5 лица од помошно техничкиот персонал и 15 административни работници. За прв пат се доделени и постхумни признанија на здравствени работници- лекари и медицински сестри кои оставиле белег и дале свој придонес за болницата.

За секој од вработените е доделена честитка- брошура за коминикациски вештини, затоа што сметаме дека односот на здравствените работници е од исклучителна важност за пациентот.

Среќен 7ми Април!

2024-04-06 12:00:00