Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.

Болничка аптека

  • Раководител- Дејан

Врши набавка, складирање, чување и дистрибуција до другите оддели на лекови и медицински потрошен материјал. Болничка аптека учествува во креирање на асортиманот на лекови во тендерските процедури како и предлози за нови специфични лекарства, ја менаџира потрошувачката на сите оддели и ги креира електронски сите требовања и книговодствено ги заведува сите фактури при прием имајќи прегледност во секој момент што е доспеано според договорите за набавка, како и разни донации и гратиси дадени од фармацевтски фирми или веледрогерии.

Болничка аптека располага со широка лепеза на лекарства дел се на позитивна листа дел не се на позитивна листа, расплага со залихи од медицински потрошен материјал, завоен материјал, дезинфекциони средства. Лабораториски потрошен материјал. Болничка аптека ги спроведува сите набавки за потребните нови методи и здравствени услуги во болницата, како остеосинтетски материјал, стентови за ургентна кардиологија, ренген филмови и реагенси и други специфични материјали доколку се оформува нова специјалистичка и субспецијалистичка здравствена услуга со нови методи и нова апаратура во болницата.

+389 31 420 626