Мисија

Како самостојна болница функционира до крајот на 1962 година. Од 01.01.1963 година Општа болница и Дом за народно здравје се спојуваат во ЈЗО Медицински центар "Куманово" кој функционира до 31.08.2005 година. Со Решение на Министерството за здравство од 10.12.2004 година за пререгистрирање на дел од ЈЗО Медицински центар во ЈЗУ Општа болница од 01.09.2005 година ЈЗУ Општа болница "Куманово" функционира како посебно правно лице.

ЈЗУ Општа болница "Куманово" лоцирана е во центарот на градот Куманово на ул. "11 Октомври" бб. Болницата располага со простор од 56.757 м2 земјиште и голем број на објекти со корисна површина од околу 20.482 м2. Општина Куманово по својата географска положба се наоѓа во Североисточниот регион на РМ со најголем број на жители (105.484). Како регионална Болница пружа здравствена заштита и на жителите од општините Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Вкупниот број на жители кои оваа Болница треба да ги опслужи според официјални податоци за сите споменати општини е 173.000 жители. Болницата има капацитет од 306 болнички кревети.

Јавната здравствена установа Општа болница " Куманово " - Куманово е Јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Колективен договор, Статут и други општи акти. Општата болница во целокупниот промет со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага. Основач на Општата болница е Владата на Република Македонија. Општа болница ја застапува и претставува директор. Со овластување на директорот Општа болница ја застапува и претставува работникот што ќе го овласти директорот.

Организациона и кадровска поставеност

Во својот состав Болницата располага со следниве одделенија за хоспитализирање и лечење на пациенти :

  • - Внатрешни болести
  • - Детски болести
  • - Хирушки болести со урологија и ортопедија
  • - Анестезија со реанимација и интензивна нега
  • - Гинекологија и акушерство
  • - Заразни болести
  • - Нервни и душевни болести
  • - Очни болести
  • - Уво, нос и грло

Во склоп на Болницата се и одделите и амбулантите од Специјалистичко - консултативна дејност за испитување, дијагностицирање на болестите како и оддели за рехабилитација на болните и тоа :

  • - Рентген дијагностика
  • - Лабораториска дијагностика
  • - Физикална медицина и рехабилитација
  • - Кожно венерични болести
  • - Патолошка анатомија со судска медицина
  • - Центар за дијабет
  • - Пнеумофтизиолошки диспанзер
  • - Ургентен центар
  • - Галенска лабораторија
  • - Депо на лекови

Од одделите за логистичка подршка на Болницата постојат :

  • - Служба за правни, општи и кадрови работи
  • - Економско финансиска служба
  • - Сервисно - техничка служба со котлара , перална и кујна за припрема на храна за болни
  • Возен парк

Ваквата организациона поставеност овозможува 24 часовно давање на медицинска здравствена заштита на населението во однос на болничкото лечење како и специјалистичко консултативна здравствена заштита.Ова бара секако и комплетен медицински кадар за покривање на сите потреби на населението.

Мисија

J3У Општа Болница Куманово е установа од секундарна здравствена заштита која пружа достапна, сеопфатна, континуирана и безбедна задравствена заштита на жителите на општината Куманово и непосредно гравитирачки општини Липково и Старо Нагоричане, а и на помалите соседни општини Крива Паланка, Ранковци и Кратово, со примена на насовремени медицински достигнуваа со цел на брзо и ефикасно лекување почитувајќи ги барањата на пациентите.

Визија

ЈЗУ Општа болница Куманово се стреми да биде ЛИДЕР меѓу Општите болници во Републиката со усвојување и примена на новите стандарди и доктрини во лекувањето.Приоритети во остваруваве на нашата визија се:

  • - инспирација кај вработени - развива култура која ги ангажира нашите вработени во бизнис и промовира чисти вредности и однесувања, подржуваье на лидерство на отвореност и вклученост кое ги препознава и наградува доприносите на индивидуи
  • - базичните услуги да се реализираат добро - одржувајќи ја и зајакнувајќи ја нашата репутацикако сигурна, компетентна и ефикасна болница која дава високо квалитетни стандарди.
  • - засилување на постојните добри оддели - подржувајќи ги квалитетните услуги но и развивање на други услуги за локалната популација и околината
  • - планирање на иднина- стремеж кон максимална компетентност и способност за флексибилен и динамичен одговор на можностите
  • - градење на одржлива иднина- со подржување на можност за подобрување на работните услови и услуги и оптимизирање на екстра доприноси

Визија

Et nobis maiores eius. Voluptatibus ut enim blanditiis atque harum sint. Laborum eos ipsum ipsa odit magni. Incidunt hic ut molestiae aut qui. Est repellat minima eveniet eius et quis magni nihil. Consequatur dolorem quaerat quos qui similique accusamus nostrum rem vero

Работно време 24 ч.