Monday - Saturday, 8AM to 10PM
Call us now +1 5589 55488 55
Работно време 24 ч.
img

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ!

2023-11-20 12:00:00

Од неодамна во лабораторија при ЈЗУ Општа болница Куманово, се вршат лабораториски испутувања за хромозомски абнормалности со метод Benetech pra - софтвер за пренатален скрининг, кој овозможува следење на состојба на плодот во првиот и вториот триместар од бременоста.

Испитувањето е бесплатно со упат од лекар специјалист гинеколог- акушер

Една од целите на нашата установа е токму грижата за нашите идни генерации

Прочитај повеќе
img

СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ

2023-11-15 12:00:00

Светскиот ден на дијабетесот- 14 Ноември, се одбележува секоја година , почиувајќи од 2007 година, иницирано од ООН, со цел да се подигне свеста за дијабетесот и неговите компликации,  преку превенција и соодветен третман давајќи акцент на едукацијата.

Прочитај повеќе
img

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

2023-11-10 12:00:00

 

После две години повторно опертивен програм на очно одделение при ЈЗУ Општа Болница Куманово.

 

Прочитај повеќе
img

ЈУБИЛЕЕН СОБИР НА НЕОНАТОЛОЗИ

2023-11-03 12:00:00

Во тек на месецот октомври се одржа јубилеен собир на неонатолози од Република Северна Македонија, на кој учествуваа со свои презентации педијатри и неонатолози од УК за Детски болести, УК ГАК, специјална болница за гинекологија и опстетриција Чаир, Болница Плодност, Аџибадем Систина, Општа болница Струга и од Општа болница Куманово. На собирот беа истакнати многу теми со нови достигнувања и докази. Од нашата болница учествуваше со свое излагање за важноста на доењето и контраиндикации за доење и исхрана со мајчинско млеко, Др. Александра Христова, раководител на оддел неонатологија.

Прочитај повеќе
img

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

2023-10-26 12:00:00

По повод Светски ден за заштита на менталното здравје во Општа болница Куманово психолог Анита Стоилковска одржа интерактивна работилница со дел од ученици од трета и четврта година од ОСТУ Наце Буѓони здравствена струка на тема "Анксиозност и панични напади". Причина за оваа работилница е зачестена појава на анксиозност и панични напади кај младата популација и со цел правилно препознавање, соочување и справување со истата.

Прочитај повеќе
img

СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПЗУ ОД ОПШТИНАТА

2023-10-13 12:00:00

Денеска во просторите на ЈЗУ општа болница Куманово менаџерскиот тим и дел од раководителите претставници на стручниот колегиум на наша иницијатива одржаа состанок со претставници од ПЗУ од општината.

 

Прочитај повеќе
img

БОРБА ПРОТИВ КАНЦЕР НА ДОЈКА

2023-10-13 12:00:00

Месец октомври е месец посветен на борба против канцер на дојка.
Како Јавна Здравствена Установа покажуваме одговороност кога е во прашање не само лекување туку и превенција. За таа цел во тек на месец октомври почнувајќи од понеделник 16.10.2023 година ги повикуваме сите заинтересирани самохрани мајки на бесплатен ехо преглед на дојка. Закажување на тел 031 425524, секој работен ден од 10ч до 15ч

Прочитај повеќе
img

СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ ПРИ ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КУМАНОВО

2023-10-07 12:00:00

На овогодинешниот Светски конгрес на психијатри, кој се одржа измината недела во Виена, свој труд презентираше д-р спец. Адриана Богдановска-Тоскиќ, психијатар, на тема „Тежина на растројство на личност кај лица на метадонски суптитуционен третман“.

Истата презентација е споделена и со Стручниот колегиум при ЈЗУ Општа болница Куманово.

 

Прочитај повеќе
img

ДЕТСКА НЕДЕЛА КОЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СЕКАДЕ НИЗ СВЕТОТ

2023-10-05 12:00:00

По повод Детска недела која се одбележува секаде низ светот, денеска и ние како Општа болница дадовме придонес, со цел да го истакнеме значењето на здрави генерации.

Прочитај повеќе
img

1-ВИ ОКТОМВРИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА

2023-10-03 12:00:00

1-ви октомври се одбележува како Интернационален ден на старите лица. Водејќи се по фактите дека голем дел од корисниците на нашите услуги во болницата се токму старите лица, денес нашата установа потпиша Меморандум за соработка со Здружение на пензионери Куманово. Старот на оваа соработка која веруваме ќе опстои и во наредниот период, ја започнуваме со бесплатни психолошки тестирања за деменција, која болест е типична за старите лица, а според податоците истата е во подем.

Прочитај повеќе
img

УШТЕ ЕДЕН НОВ АПАРАТ ВО НАШАТА БОЛНИЦА

2023-10-03 12:00:00

Уште еден нов апарат во нашата болница. Со помош на овој електрокаутер наменет за оперативните гинеколошки интервенции, крварењата на оперативните резови се помали, ткивата трпат помала траума а се скратува и времетраењето на операција.

 

Прочитај повеќе
img

НОВ ВИДЕО ЛАРИНГОСКОП ЗА АНЕСТЕЗИОЛОШКИОТ ОДДЕЛ

2023-09-29 12:00:00

Новиот видео ларингоскоп за анестезиолошкиот оддел е наменет за интубација на пациенти во општа анестезија,при реанимација и секогаш кога е потребно да се обезбеди дишен пат кај пациенти со компромитирано дишење.

Прочитај повеќе